Дописници МКДОпштински вести

Одбележана годишнина од одржувањето на Смилевскиот конгрес

Со полагање цвеќе на споменикот на Даме Груев и славните Смилевци-Илинденци, во демирхисарското село Смилево одбележана е годишнина од одржувањето на Смилевскиот конгрес.

Демир Хисар, 7 мај 2021 (МИА) – Со полагање цвеќе на споменикот на Даме Груев и славните Смилевци-Илинденци, во демирхисарското село Смилево одбележана е годишнина од одржувањето на Смилевскиот конгрес.

Како што е познато Смилевскиот конгрес се одржал пред 118 години во периодот од 2 до 7 мај, а за значењето на историскиот настан говореа претставници на основното општинско училиште во Смилево, „Даме Груев”.

-Со почит и пиетет треба да се потсетиме на сите настани што се случувале од 2 до 7 мај, пред 118 години, а особено на личностите кои биле предвесник и предводник на македонската револуционерна мисла и идеја.  Ова е важен ден од нашата национална историја кој со гордост го славиме, рече меѓудругото, градоначалникиот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.

Деновите на Смилевскиот конгрес се сметаат и за денови кога во 1903 година се формирани првите организирани полициски одреди, и токму затоа 7-ми мај е востановен како Ден на македонската полиција. мт/рп/

Back to top button
Close
Close