Дописници МКДОпштински вести

Одбележана 78-годишнината од смртта на Рацин на планината Лопушник

Со традиционалниот „Марш за Рацин“, на кој зедоа учество планинари од двете планинарски друштва од Кичево ПСД „Бистра“ и ПЕД „Ендорфини“, членови на здружението „Грин пауер“ од Велес и гости од други градови, со посета на споменикот на врвот Стог и на спомен-обележјето во месноста Јама, беше одбележана 78-годишнината од смртта на големиот поет Коста Солев Рацин.

Кичево, 13 јуни 2021 (МИА) – Со традиционалниот „Марш за Рацин“, на кој зедоа учество планинари од двете планинарски друштва од Кичево ПСД „Бистра“ и ПЕД „Ендорфини“, членови на здружението „Грин пауер“ од Велес и гости од други градови, со посета на споменикот на врвот Стог и на спомен-обележјето во месноста Јама, беше одбележана 78-годишнината од смртта на големиот поет Коста Солев Рацин.

– По четири часа пешачење учесниците на маршот пристигнаа кај споменикот на Рацин на врвот Стог, каде од страна на планинарите од Кичево беа прочитани песни од единствената збирка на Рацин, „Бели Мугри“, Ленка, Тутуноберачите и Денови, рече Михајло Петрески, претставник на Општина Кичево, од чија страна за сите учесници на маршот беше подготвено војничко гравче.

Потоа учесниците на маршот ги поздрави и претседателот на здружението „Грин пауер“, од родниот град на поетот Велес, Игор Смилев, кој во своето обраќање истакна, дека традицијата на посета на местото на загинувањето на Рацин на планината Лопушник продолжи и годинава. Тука сме да се потсетиме на нашиот поет и револуционер, кој на ова место го загуби својот живот. Споменот за Рацин никогаш нема да избледне и очекуваме и наредните генерации да ја продолжат оваа традиција и да се потсетуваат на 13 јуни,на ова место кое испиша своја историја-рече Смилев.

Со завршување на маршот заврши и денешното чествување на планината Лопушник. за/ир

Back to top button
Close
Close