Верски календар

Oд верските календари

9 април 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 март. Денеска е Света маченичка Матрона.

9 април 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 март.

Денеска е Света маченичка Матрона.

Како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на Евреинот постојано ѝ се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече од Него, а да оди во синагогата. Но, кротката Матрона ништо не ѝ одговараше на својата госпоѓа, а тајно Му се молеше на Господ Христос. Еднаш Еврејката дозна дека кришум од неа Матрона отишла в црква, па сета во гнев ја запраша зошто не отишла во синагогата, туку в црква. Матрона ѝ одговори: „Затоа што во христијанската црква живее Бог, а од еврејската синагога Он отстапи“. Бесна заради овој мажествен одговор Еврејката ја натепа и ја затвори во една темна одаја, а уште и ја врза. Но утредента ја најде одврзана со Божјата сила како клечи на молитва и Го фали Бога. По ова уште на двапати Еврејката ја затвараше и ја мореше со глад додека слугинката не ја испушти душата. Тогаш нечестивата жена го зеде телото на Светата девојка и од високо од нејзината куќа го фрли на земја. Христијаните го зедоа телото и чесно го погребаа, а кога епископот Александар ги дозна многубројните чуда на Светата маченичка, на нејзиниот гроб подигна црква. Злобната Еврејка наскоро ја постигна праведна казна: од истото место на куќата од коешто го фрли долу телото на Св. Матрона, таа се лизна, падна на калдрмата и намртво се разби.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марија Клеофина.

Очевидецот свети Иван Евагелист пишува: “Кај Исусовиот крст стоеле неговата мајка и сестрата на неговата мајка, Марија Клеофина и Марија од Магдала. Додека Исус ја предавал својата жртва на крстот за наше спасување присуствувала и Марија Клеофина. По смртта на Исус, таа останала во Калваријата и присуствувала на неговиот закоп. Утрото кога тој воскреснал, со останатите жени дошла на гробот за да го намачка телото на Исус. Празникот Марија Клеофина не повикува нас, христијаните да му помогнеме на Исус и на своите најблиски, а особено на сиромашните, бидејќи Исус вели: “Што и да сте направиле од моите помали браќа, сте го направиле за мене”.

###

Back to top button
Close
Close