Верски календар

Oд верските календари

8 јули 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јуни. Денеска е Преподобна маченичка Февронија.

8 јули 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јуни.

Денеска е Преподобна маченичка Февронија.

Света Февронија беше римјанка, ќерка на сенаторот Просфор. Во својата рана младост го напушти домот и отиде на Исток, каде што се замонаши во еден манастир. Кога дојде времето на нејзиното мачеништво таа имаше само 20 год. На Исток беше испратен некј суров човек Селин, заедно со внук му Лисимах, кој вршеше колежи над христијаните. А кога ја погуби и св. Февронија, почувствува силен страв, му се одзеде умот и самиот се уби. Внук му Лисимах, пак, дозволи Февронија да биде чесно погребена. Таа пострада во 310 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Аквил и Присила.

Тие биле соработници на свети Павле. Тој постојано ја истакнувал својата благодарност кон брачниот пар свети Аквил и Присила, бидејќи тие му го спасиле животот. Покрај тоа, тие им дозволиле на христијаните да одржуваат молитви во нивната куќа. Во куќата престојувал и свети Павле. Нема податоци за времето и местото на маченичката смрт на свети Аквил и Присила.

###

Back to top button
Close
Close