Верски календар

Од верските календари

8 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 март. Денеска е Собор на св. арх. Гаврил.

8 април 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 март.

Денеска е Собор на св. арх. Гаврил.

Тој е еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Свети Јован Предвесник и самиот за себе рече: “Јас сум Гаврил кој стојам пред Бога”. Неговото име Гаврил значи маж Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Некои дознаа дека истиот тој Гаврил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гаврил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат поблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Јулијана Биларт.

Била родена во 1751 година во Франција. Кога имала 22 години била многу болна. Во 1789 година кога избувнала Француската револуција, Јулијана им помагала на свештениците кои биле прогонувани од револуционерниот состав. Во 1804 година чудесно оздравела и почнала да размислува за основање заедница која ќе се грижи за сиромашните. Целта на заедницата била бесплатно проучување, воспитување и грижа за сиромашните деца. Умрела во 1816 година.

###

Back to top button
Close
Close