Верски календар

Од верските календари

7 јануари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 декември. Денеска е Рождество Христово - Божик.

7 јануари 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 декември.

Денеска е Рождество Христово – Божик.

Името Христос е превод на еврејското Месија, што значи Помазаник. Овој Помазаник, овој Христос, на луѓето им беше ветен уште од времето на Адам. За него пророкуваа многу еврејски пророци, а неговата појава во тоа време ја очекуваа и многу други народи. Пророците го прорекоа како времето кога ќе се роди, така и местото Витлеем. Во тоа мало гратче во Јудеја, денешен Израел, се роди Исус, наречен Христос, т. е. Помазаник, и тој беше исполнување на пророштвата. Подоцна се откри и стана позната низ целиот свет надумната тајна на неговата богочовечка личност. Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта. Заради тоа Христа го нарекуваме спасител. Уште повеќе, влегувањето на Бога во историјата значеше почеток на откривањето на сите тајни и на радоста на вечниот живот.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Рајмунд.

Бил роден во благородничко семејство во 1175 година, во близина на Барселона. Родителите добро го воспитале и на 20-годишна возраст станал професор на Универзитетот во Барселона. На 30-годишна возраст станал правник и моралист. Во 1219 година станал свештеник и започнала неговата црквената кариера. Но, тој му се придружил и на новооснованиот доминикански ред прифаќајќи ја сиромаштијата и потчинетоста. На 47-годишна возраст, ги прифатил евангелските совети на Исус и станал проповедник.
###

Back to top button
Close
Close