Верски календар

Од верските календари

4 мај 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 април. Денеска е Св. свештеномаченик Јануариј и други.

4 мај 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 април.

Денеска е Св. свештеномаченик Јануариј и други.

Историската сцена на која се појавува овој свештеник и маченик е Римската империја и времето на владеењето на Диоклецијан. Во тоа вре¬ме Јануариј бил епископ во Италија, во Кампања. Јануариј бил изведен на суд заедно со некои други христијани од локалниот управник Тимотеј, а потоа испратен во град Путеол. Таму христијаните требало да бидат предадени на ѕверовите, за развеселување на локалната градска толпа. Но, како и во времето на Даниил, наместо храна, гладните ѕверки во овој човек видоа светилник на светот, па дојдоа до него и се умилкуваа. Поразен од ова, управникот ги изведе Јануариј и останатите христијани надвор од ѕидините на Путеол и ги обезглави. Моштите на овој свет епископ беа подоцна пренесени во Неапол.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Флоријан.

Живеел во третиот век. Бил воспитан во христијански дух. Му се посветил на војничкиот сталеж, а подоцна се повлекол во граѓански живот и станал канцелар на римскиот заштитник. Како војник и како граѓански службеник се одликувал со добрина кон сите луѓе. За време на владеењето на царот Диоклецијан бил измачуван.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:42 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 31 минута. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна

###

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close