Верски календар

Од верските календари

31 октомври 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 октомври. Денеска е Св. апостол и евангелист Лука.

31 октомври 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 октомври.

Денеска е Св. апостол и евангелист Лука.

Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност. Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво. Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Алфонз Родригес.

Роден е во Шпанија во староримскиот град Сеговија. Откако умрела неговата жена, го оставил светскиот живот и се повлекол во манастир кај монасите, језуити, кои го испратиле во големиот манастир во Палма де Мајорка, каде работел како вратар. Живеел многу побожно и аскетски. Особено се молел на Света Богородица. Имал мистични предвидувања и за животот правел чудесии. Како вратар во манастирот љубезно се однесувал кон многубројните посетители на манастирот, така што сите ја чувствувале неговата светост и барале совети од него во своите животни проблеми. Затоа верниците му се молат во своите проблеми.

###

Back to top button
Close
Close