Верски календар

Од верските календари

30 ноември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 ноември. Денеска е Св. Григориј Неокесариски Чудотворец.

30 ноември 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 ноември.

Денеска е Св. Григориј Неокесариски Чудотворец.

Свети Григориј се роди од родители незнабошци. Во младоста ја бараше утехата во елинската и египетската мудрост, но откако се увери во нивната недоволност, се сврти кон христијанството. Неколку години беше ученик на Ориген, кој го крсти, а потоа се повлече во пустина. Кога сакаа да го постават за епископ на Кесарија, бегаше и се криеше од пратениците. Најпосле, по Божја промисла, беше поставен за епископ. Господ го имаше надарено со големи дарови: ги гледаше настаните и човечките мисли на далечина, беше невидлив пред гонителите, ги лечеше сите маки и болести. Се успокои во 270 година, во длабока старост. Како епископ, ја обрати во христијанство цела Кесарија, во која до неговото доаѓање имаше само 17 христијани.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Андрија, апостол.

Бил ученик на Иван Крстител и повикан од Христос во апостолската служба. Андрија бил многу заслужен бидејќи Христос, го назначил неговиот брат Петар, за учител на неговите ученици. Во преданието се вели, дека по Духови, тој го проповедал и Евангелието во Русија и во други земји, а бил распнат во Ахеа. Во чест на свети Андреја се изградени многу цркви. Многумина од христијаните го носат неговото име. Свети Андреја го почитуваат и Католиците и Православните христијани, кои му се молат за единство меѓу христијаните.

###

Back to top button
Close
Close