Верски календар

Од верските календари

30 март 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 март. Денеска е Преподобен Алексиј човек Божји.

30 март 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 март.

Денеска е Преподобен Алексиј човек Божји.

Овој светител потекнуваше од римско благородничко семејство. Од малечок го имаше засакано Бога со целото срце и со целиот ум. Кога порасна родителите го оженија против неговата воља. Уште првата ноќ тој го напушти домот и жената и се насели како просјак во градот Едеса во Месопотамија. Таму проживеа 17 години. Кога луѓето ги открија неговите добродетели, за да ги избегне почестите, се качи на брод за Лаодикија. Но, ветрот го одведе бродот близу Рим. Свети Алексиј дојде во домот на родителите, кои му дадоа да живее во една шупа близу куќата, бидејќи не го беа познале. Таму Алексиј проживеа уште 17 години и мирно се упокои. Кога го открија телото, родителите во неговата рака најдоа едно ливче од кое дознаа дека тоа е нивниот син Алексиј. Тој беше толку близок до Бога, што продолжи да чудотвори и по неговата телесна смрт.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Леонард Муриалдо.

Бил роден во 1828 година, во Торино. Во 1873 година станал свештеник и им помагал на младите работници. Италијанците го нарекувале Дон Леонардо. Младите работници ги предупредувал за опасноста од христијанскиот живот. Во 1873 година ја отворил Побожната дружина на свети Јосип. Покрај тоа Леонард ги посетувал болните луѓе и затворениците. Свети Леонард се вбројувал во големите социјални работници во 19 век. Умрел во 1900 година.

###

Back to top button
Close
Close