Верски календар

Од верските календари

3 март 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 февруари. Денеска е Св. Лав папа Римски.

3 март 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 февруари.

Денеска е Св. Лав папа Римски.

Свети Лав по потекло бил Италијанец. За епископ на Римската црква бил избран во 440 година. Со Црквата управува со голема мудрост, давајќи им пример со својот живот на свештениците и останатите христијани. Имал многу важна улога во одбраната на православната вера пред Четвртиот вселенски собор. Инаку, со Римската црква управувал во многу тешко време, тоа е времето на хунските и вандалските напади на Рим.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Кунигунда.

Била родена во грофовско христијанско семејство во Луксембург. Се омажила за баварскиот војвода Хенрик. Во 1014 година заедно со својот маж Хенрик во Рим ја примила царската круна. Како добра христијанка му била советничка на мажот. Тие немале деца и според тогашниот незаконски обичај нејзиниот маж можел да ја отпушти, но тој тоа не го направил. По смртта на нејзиниот маж во 1024 година, Кунигунда отишла во манастир. Потполно му се посветила на Господ. По 15 години живеела многу сиромашмо. Умрела во 1200 година. Хенрик и Кунигунда, папата Иноцент Трети ги прогласил за свети.

###

Back to top button
Close
Close