Верски календар

Од верските календари

3 мај 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 април. Денеска е Преподобен Теодор Трихин.

3 мај 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 април.

Денеска е Преподобен Теодор Трихин.

Се родил во Цариград, во семејство на богати родители. Уште како момче ги презирал богатството и почестите и се повлекол од светот во еден тракиски манастир. Покрај другите подвизи, избрал да спие исклучиво на камен и носел само една груба наметка. Подоцна Бог го надарил со дар на чудотворство. Тој дар Бог му го остави и после неговата смрт од неговите мошти истекуваше миро преку кое се исцелија многумина. Преподобен Теодор се упокои во 400 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Филип и Јаков.

Филип бил роден во Бетсаид. Бил ученик на Иван Крстител, а потоа станал Исусов ученик. Роднината на Исус, Јаков управувал со црквата во Ерусалим. Бил измачуван и умрел во 62 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19 часот и 41 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 33 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.

###

Back to top button
Close
Close