Верски календар

Од верските календари

3 јануари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 декември. Денеска е Св. маченица Јулијана.

3 јануари 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 декември.

Денеска е Св. маченица Јулијана.

Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија. Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род. Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец. Родителите не успеале да ја разубедат и најпосле ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа време бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја погубил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Геновева.

Живеела во времето на преселбите на народите. Со својата невиност, едноставност, понизност, станала достојна и способна, Господ да и ги објави своите тајни и пораки. На 15-годишна возраст ја сфатила убавината на животот кој, целиот е посветен на Господ. Кога франачкиот крал Клодвиг во крајот на петтиот век се покрстил, ја зел девицата Геновева во својот двор, за да му биде советничка. Таму таа се запознала со жената на кралот Клодвиг. Света Геновева умрела во 512 година и била закопана во кралската гробница. Била прогласена за заштитничка на Париз.
###

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close