Верски календар

Од верските календари

29 септември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 септември. Денеска е Св. великомаченичка Ефимија.

29 септември 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 септември.

Денеска е Св. великомаченичка Ефимија.

Света Ефимија беше родум од Халкидон. Родителите и беа христијани, а татко и покрај тоа беше сенатор. Во времето кога Ефимија веќе беше пораснала во прекрасна девојка и по дух и по тело, антипатот Приск одреди обилно жртвопринесување во Халкидон. Четириесет и девет христијани, меѓу кои и Ефимија, се засолнија од градот, зашто не сакаа да учествуваат во овој бесмислен колеж. Меѓутоа, војниците ги пронајдоа и ги доведоа пред антипатот. А овој цели 19 дена смислуваше и спроведуваше најразлични мачења врз нив. Дваесеттиот ден беше изведена пред него и свети Ефимија. Приск се обиде најпрвин да ја придобие со ласкање, но кога тоа не му успеа, ја предаде на мачење. На примерот на св. Ефимија се исполнија Христовите зборови: на змии ќе газите и ќе останувате неповредени, бидејќи таа чудесно поминуваше низ сите мачења. Нај¬после ја фрлија на ѕверовите и тука свети Ефимија го предаде духот на Бога. Чесно пострада за Христа во 304 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Михаел, Габриел и Рафаел.

Во Светото писмо пишува дека анѓелите се испратени од Господ и тие се Божја сила. Тие се духовни битиа кои му служат на Господ. Во Светото писмо анѓелите се прикажани во човечкиот лик и ја застапуваат Божјата добрина. Тие се создадени како возвишени сили кои ни помагаат во борбата против злото. Во Светото писмо, свети Михаел се истакнува како небесен војсководач во борбата против Божјите непријатели. Свети Габриел е испратен од Господ. Тој ја известил света Девица Марија дека ќе го роди Спасителот Исус Христос. Свети Рафаел го излечил Тобиј од слепило и затоа го сметаат за заштитник и чувар на здравјето.

###

Back to top button
Close
Close