Верски календар

Од верските календари

29 февруари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 февруари. Денеска е Св. маченици Памфил, Порфириј и други.

29 февруари 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 февруари.

Денеска е Св. маченици Памфил, Порфириј и други.

На овој ден, за време на царувањето на Диоклецијан, 12 маченици пострадаа заради нивната вера во Христос во палестинскиот град Кесарија (Цезареја). Некои од нив, т.е. презвитерот Памфил, учен човек, залужен за оформувањето на тогашната богата Кесариска библиотека, ѓаконот Валант и Павле, беа затворени две години порано, а сега го дочекаа своето судење. Други, од љубов кон првите сакаа да се погрижат за нивните мошти или откриено ги молеа мачениците да се застапат за нив пред Бога. На сите им се најде една вина – љубовта за Христа, заради што беа и погубени на почетокот од четвртиот век.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Египетски маченици од љубов кон ближниот.

Египетските маченици т.е. свештениците, ѓаконите и христијаните во времето на владеењето на царот Валеријан (253-260) во Александрија, каде беснеела болеста чума им помагале на заболените луѓе. Така и тие заболеле од чума и умреле. Свештениците, ѓаконите и христијаните ги вбројува меѓу мачениците, иако не пролеале крв за Исус Христос.

Back to top button
Close
Close