Верски календар

Од верските календари

29 јануари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јануари. Денеска е Св. апостол Петар.

29 јануари 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јануари.

Денеска е Св. апостол Петар.

На овој ден се спомнува апостол Петар заради оковите во кои беше ставен во времето на Ирод и од кои беше ослободен на чудесен начин. Христијаните ги чуваа овие окови заради чудата што се случуваа преку нив. Во петтиот век царицата Евдокија еден дел од оковите испрати во Цариград, во црквата на Светите Апостоли, а другиот дел го прати во Рим на Евдоксија, жената на западниот римски цар Валентинијан Трети. Евдоксија изгради црква и во неа ги положи оковите.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Блажен Јулијан Маунор.

На денешен ден умрел мисионерот Јулијан Маунор. Тој околу 43 години патувал низ Бретања проповедувајќи го Евангелието Христово. За бретонскиот народ, Јулијан бил добар татко. Бил познат по својата понизност, молитва и христијански морал. Им помагал на болните и ги ослободувал опседнатите. Исцрпен од работата, бил прогласен од народот за светец и апостол, а црквата во времето на папата Пио Дванаесетти тоа го потврдила. Бретања и денеска во верски поглед, е една од најдобрите француски покраини.

###

Back to top button
Close
Close