Верски календар

Од верските календари

27 март 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 март. Денеска е Преподобен Бенедикт Нурсиски.

27 март 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 март.

Денеска е Преподобен Бенедикт Нурсиски.

На Запад монаштвото се развило многу подоцна отколку на Истокот, а со право за негов основач се смета свети Бенедикт. Овој се родил во 480 година во италијанскиот град Нурсија. Како млад се школува во Рим. Таму се одлучил да започне пустиножителски живот, одбиен од распуштениот живот во престолнината. Се населил во една пештера близу градот. Набргу се расчул гласот за овој смирен монах. Подоцна свети Бенедикт се преселил на југот од Италија, во Кампања, и се сместил во областа на Монте Касино. Таму изградил црква посветена на свети Јован Крстител, околу која се собрале повеќе монаси.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Свети Филет, Лидија, Македониј, Теопреп, Кронид и Амфилох.

Според старата легенда Филет бил сенатор во Илирика. Лидија му била жена, а Македонија и Теопреп синови. Неговото семејство било христијанско. Римскиот цар Адријан наредил да биде покрената постапка бидејќи во Римското царство христијанството било надвор од законите. Царскиот службеник Амфилох, сите членови на семејството на свети Филет, ги ставил на големи маки. И покрај мачењето тие не се откажале од верата. Тоа дејствувало на Амфилох и тој заедно со еден затворски чувар решил да стане христијанин. Кога дознал за тоа царот отишол во Илирик и наредил сите петмина да бидат фрлени во базен со врело масло.

###

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close