Верски календар

Oд верските календари

26 јули 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јули. Денеска е Собор на Св. архангел Гаврил.

26 јули 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јули.

Денеска е Собор на Св. архангел Гаврил.

Свети архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовеш¬тение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Јоаким и Ана.

Тие биле родители на Благословена Девица Марија. За нив нема податоци во Светото писмо. Почитувањето на свети Јоакин и Ана се раширило во шестиот век на Исток и на Запад во десеттиот век. На света Ана и се молат жените породилки и мајките воопшто.
###

Back to top button
Close
Close