Верски календар

Од верските календари

25 февруари 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 февруари. Денеска е Св. Мелетиј Антиохиски.

25 февруари 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 февруари.

Денеска е Св. Мелетиј Антиохиски.

Свети Мелетиј живееше и делуваше во четвртиот век. Тоа е век на големи превирања, но и на големи сведоштва во Црквата. Еден од тие големи сведоци беше и овој Мелетиј. Како православен епископ беше испратен на заточение од аријанските цареви, но до крајот остана тврд во верата. Голем духовник кој се грижеше за духовниот раст на такви светители, како Василиј Велики, Јован Златоуст, Симеон Столпник… Се упокои во текот на Вториот вселенски собор, во 381 година, како претседател на соборот. Моштите му беа пренесени од Цариград во Антиохија.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Донат.

За свети Донат, славниот задарски бискуп, пишувал Фарлати во делото “Илирикум сакрум”. Тој играл посредничка улога меѓу Франките и Византијците. Одел во Византија каде во 804 година, ја добил моќта на свети симирската маченица Анастазија за време на бизантскиот цар Никефор. Свети Донат моштите на светицата ги пренел во Задар. Црквата во која се наоѓаат коските на св. Анастазија е позната како црква на света Стошија. Свети Донат умрел во 811 година, а бил закопан во црквата Пресвета Тројца која ја обновил. Таа црква спаѓа меѓу уметничките споменици од прв ред.

###

Back to top button
Close
Close