Верски календар

Од верските календари

24 јуни 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јуни. Денеска е Св. апостоли Вартоломеј и Варнава.

24 јуни 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јуни.

Денеска е Св. апостоли Вартоломеј и Варнава.

Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите му го дадоа името Варна¬ва, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедаше во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар. Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го заврши маченички на Кипар. Пострада од Евреите.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Раѓањето на свети Иван Крстител.

Анѓелот Габриел го навестил неговото раѓање; кога пораснал отишол во пустината. Се слушнал неговиот глас: Спасителот доаѓа, а Иван е неговиот гласник. На реката Јордан, Иван ги покрстувал верниците и од таму е неговото име Крстител.

Back to top button
Close
Close