Верски календар

Од верските календари

23 февруари 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 февруари. Денеска е Св. свештеномаченик Харалампиј.

23 февруари 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 февруари.

Денеска е Св. свештеномаченик Харалампиј.

Свети Харалампиј бил епископ на градот Магнезија, Тесалија. Мудар старец. Во текот на 113-те години од својот живот бестрашно го проповедал Христос сред-среде бесните прогони на христијаните. За Христа пострадал на крајот од вториот век, за време на владеењето на императорот Септимиј Север.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Поликарп.

Во 100-та година од свети Иван, апостол тој бил назначен за бискуп во Смирна. Свети Поликарп бил запален на плоштадот во Смирна во 115-та година. Повикан од своите противници, за да се откаже од верата во Христос, Поликарп одговорил: “Осумдесет и шест години му служам на Христос и ништо лошо не ми направил. Како можам да се одрекнам од својот крал, кој на Крстот ме спаси”.

###

Back to top button
Close
Close