Верски календар

Од верските календари

22 април 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 април. Денеска е Св. маченик Евпсихиј.

22 април 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 април.

Денеска е Св. маченик Евпсихиј.

Мачеништвото на Евпсихиј паѓа во времето на владеењето на Јулијан (361-363 година), кој заради отпаѓањето под христијанството и враќањето на идолопоклонството во историјата стана познат по прекарот Отстапник. Евпсихиј потекнувал и живеел во Кесарија Кападокиска и од дете бил воспитан во христијанството. Кога станал полнолетен се оженил. Се случило, денот на неговата свадба да се поклопи со денот кога во овој град се принесувале жртви во чест на идолот на Среќата (Фортуна). Поттикнати од древноста кон Бога, Евпсихиј со уште некои христијани го урнале идолот, а потоа, знаејќи што ги чека почнале да се подготвуваат за мачеништво. Свети Евпсихиј бил затворан, мачен и најпосле му била отсечена главата.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Леонид.

Ориген бил еден од најпознатите ученици и гениј на првата црква. Тој бил син на свети Леонид, кој загинал за време на римскиот цар Септимиј Север, во 204-тата година. Поради тоа што не сакал да се одрекне од верата во Христос, на Спасителот Леонид му била отсечена главата. Тој имал седум синови кои добро ги воспитувал. Најголемо внимание му посветил на најстариот син, Ориген потикнувајќи го на читање и проучување на Библијата. Кога Леонид поради верата го затвориле, Ориген му напишал писмо во кое барал од него да издржи и да остане во верата.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:29 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 54 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.

###

Back to top button
Close
Close