Верски календар

Од верските календари

20 октомври 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 октомври. Денеска е Св. маченици Сергиј и Вакх.

20 октомври 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 октомври.

Денеска е Св. маченици Сергиј и Вакх.

Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако претходно ги облече во женски алишта и им стави железни огламници на вратот па така ги водеше по улиците на Рим. Овој пак, Антиох, беше пријател на Сергиј и на Вакх, но откако не успеа да ги одврати од христијанството, ги стави на маки и најпосле ги уби, прво Вакха, а потоа и Сергија. Така, овие две свети души го дадоа на царот царевото, а на Бога божјото и се преселија во вечниот живот околу 303 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Венделин.

Роден е во крајот на шестиот век во Ирска. Потекнува од богато семејство. Како млад се одрекол од сите свои добра и тргнал во самотија за да размислува за божествените реалности. Правел многу добрини и животниот век го поминал верно служејќи му на Господ. После тоа Господ го прославил со чуда. Верниците го повикувале на помош против чумата, и како заштитник на посевите и плодовите.

###

Back to top button
Close
Close