Верски календар

Од верските календари

2 октомври 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 септември. Денеска е Св. мач. Трофим, Савантиј и Доримедонт.

2 октомври 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 септември.

Денеска е Св. мач. Трофим, Савантиј и Доримедонт.

Во третиот век, кога во Антиохија беше началник Атик, таму дојдоа двајца христијани, Трофим и Саватиј. Тогаш во Дафна, кај Антиохија се погоди празник во чест на Аполон. Некои од граѓаните водоа дека Трофим и Савантиј не учествуваат во празникот и му јавија на Атик. Овој ги затвори. Откако го измачи Трофима го испрати во Фригија кај Дионисиј, па почна да го мачи Саватиј, од што Саватиј го испушти духот. И Динисиј го стави Трофима на големи маки и пак го врати во затворот. Тогаш дојде кај него некој сенатор Доримедонт, таен христијанин и му служеше. Кога дозна за ова Дионисиј го фрли двајцата на ѕверовите. Меѓутоа ѕверовите не ни допреа до нив. Најпосле, мачителот нареди да им се отсечат главите.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Светите ангели чувари.

Во христијанството е втемелено верувањето дека Господ Бог на секој човек при раѓањето му одредува еден ангел кој ќе го следи во секој момент од неговиот живот, ќе го чува од опасни работи и ќе го потикнува на добри дела. На денешен ден посебно се слават тие ангели и луѓето им се молат за да ги чуваат и штитат од душевното зло, поточно од гревот, но и од сите несреќи. Постои и посебна молитва за ангелот чувар која католиците како деца ја учат и секој ден со неа се молат.

###

Back to top button
Close
Close