Верски календар

Од верските календари

18 јуни 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јуни. Денеска е Св. свештеномаченик Доротеј.

18 јуни 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јуни.

Денеска е Св. свештеномаченик Доротеј.

Доротеј 50 години беше епископ на црквата Христова во градот Тир. За време на владеењето на царот Диоклецијан, тој се повлече од Тир за да ги избегне прогоните, а во градот се врати кога се востоличи царот Константин Велики. Животот го заврши маченички по времето на Константин, кога владееше Јулијан Отстапникот, во 361 година, во градот Одесос (денешна Варна).

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марко и Марчелијан.

Во проповедувањата се вели дека тие биле браќа. Префектот Кромациј ги затворил и ги предал на судот. Од нив се барало да се откажат од христијанската вера. Свети Марко и Марчелијан не се откажувале од верата и биле измачувани за време на прогонствата на царот Диоклецијан.

Back to top button
Close
Close