Верски календар

Од верските календари

17 мај 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 мај. Денеска е Св. маченичка Пелагија.

17 мај 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 мај.

Денеска е Св. маченичка Пелагија.

Свети Пелагија потекнуваше од градот Тарс, од видни и богати незна-божечки родители. Како млада слушна за Христос, па поверува во него. Во тоа време Диоклецијан вршеше безмилосен прогон на христијаните. Ко¬га поминуваше низ Тарс, се случи син му да се вљуби во младата Пелагија и сакаше да ја земе за жена. Не сакајќи да се согласи на тоа, Пелагија беше принудена да побегне. Во бегство се сретна со еден епископ по име Клинон, кој ја поучи во верата и ја крсти. После тоа Пелагија се врати дома. А кога царскиот син дозна за нејзиното крштевање и откако ја загуби секоја надеж да ја земе за жена, се прободе со меч. Тогаш, мајка и на Пелагија самата ја предаде на суд пред царот. Света Пелагија беше осудена како христијанка и фрлена во внатрешноста на вжештен метален вол. Пострада во 287 година. Во осмиот век на тоа место беше подигната црква во спомен на оваа светителка.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Пашкал Бајлон.

Бил роден во 1540 година, во Шпанија. Покажувал голема побожност кон Исус и Марија. На ливадите во Божјата природа, го чувал семејното стадо овци. На 18-годишна возраст одлучил да живее редовнички живот. Се вработил како овчар кај еден богат човек кој сакал да го посини. Стапил во редот на фрањевците. Умрел во 1592 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19 часот и 55 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 8 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга  пет минути подоцна.

###

Back to top button
Close
Close