Верски календар

Од верските календари

16 април 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 април. Денеска е Преподобен Никита Мидикиски.

16 април 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 април.

Денеска е Преподобен Никита Мидикиски.

Во времето на византискиот император Лав Петти Ерменецот, еден од бастионите на православието загрозено од иконоборството беше и Мидикискиот манастир. Игумен на овој манастир беше свети Никита, по потекло од Кесарија Витиниска. Мајката на Никита умре уште додека овој беше дете, а татко му го остави кај баба му и се замонаши. Кога Никита порасна и го заврши образованието и самиот го остави светот и се замонаши во Мидикискиот манастир. Тука тој подоцна стана игумен. Овој тврд во верата игумен многу пострада од иконоборците, беше затворен и мачен, но не се поколеба во верата. Се упокои во 824 година, а неговите мошти беа положени во неговиот манастир.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бернадика Собироус.

Била родена во 1844 година во Лурд, во Франција. Во 1858 година и се прикажала Мајката Божја. Богородица и рекла дека ќе ја направи среќна, но не на овој туку на другиот свет. Овоземниот живот на света Бернадика како милосрдна сестра бил исполнет со маки и тешкотии. Поради укажувањето на Богородица, таа храбро ги поднесувала. Умрела во Неверс, во 1879 година. Тргнала кон својата небесна Мајка, а таа го исполнила своето ветување. Во 1933 година на празникот Безгрешен зачеток на Благословена Девица Марија, црквата ја прогласила Бернадика за света. Милиони верници кои го посетуваат Лурд се молат на гробот на Бернадика.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:22 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 4 часот и 06 минута. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.

Back to top button
Close
Close