Верски календар

Од верските календари

15 јануари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јануари. Денеска е Св. Силвестер и св. Серафим Саровски.

15 јануари 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јануари.

Денеска е Св. Силвестер и св. Серафим Саровски.

Свети Силвестер се роди во Рим. Таму беше избран и за епископ (папа) на негови 30 години, во 314 година. Тоа е времето кога светиот цар Константин го симна христијанството од листата на забранетите религии, со што престана и прогонот на христијаните. Папа Силвестер добро управуваше со римската црква до 335 година, кога се упокои во Бога. Неговите мошти почиваат во гробничната црква изградена над катакомбата Свети Прискила во Рим. Денес се слави и споменот на свети Серафим Саровски. Се родил во Курск, Русија, во 1759 година. Се прослави како голем подвижник и молитвеник. Во последните години Господ го надари со чудотворство за полза на сите измачени што доаѓаа кај него. Се упокои во 1833 година на денешниов ден.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Павле Пустиник.

Луѓето кои тежнееле да живеат во духот на евангелието, се повлекувале во пустините и живееле во молитва и покорност. Свети Павле Пустиник бил роден во Египет и за време на прогонствата за римските цареви Дечиј и Валеријан, тргнал во пустина, во некоја пештера, каде живеел наједноставен покорен живот. Животот на свети Павле Пустиник има вредност да не поучи како во животот, како христијани мора да се вдахновуваме со Евангелието, кое мора да ни биде главно мерило во сите животни пригоди. Свети Павле Пустиник иако живеел строг покорен живот, умрел во на 113-годишна возраст.

###

Back to top button
Close
Close