Верски календар

Од верските календари

13 мај 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 април. Денеска е Св. апостол Јаков Заведеев.

13 мај 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 април.

Денеска е Св. апостол Јаков Заведеев.

Свети Јаков е брат на богословот и евангелистот Јован. Тој беше меѓу неколкумината најблиски Христови ученици. Со него беше на Гората на Преображението, во Гетсиманија… Него и брат му Јован Христос ги нарече синови на громот, поради нивната искрена и пламена вера. По Христовото вознесение тој останува во Ерусалим, а од книгата Дела апостолски дознаваме за неговата маченичка смрт во времето на Ирод Агрипа Први (44 година). Подоцна, моштите му се пренесени во Шпанија. Постои предание дека таму и проповедал, но не може да се земе како веродостојно.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Андрија Хуберт Фурнет.

Бил роден во 1752 година во Сант Пјер де Маиле, во Франција. Се одлучил за духовниот сталеж и во 1776 година станал свештеник. Целиот свештенички живот го посветил на одгледување деца, им помагал на болните луѓе и сиромашните. Луѓето го почитувале како вистински светец. Господ го прославил со многу чудесии. Умрел во 1834 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Рамазан Бајрам.

Верниците од исламската вероисповед го слават верскиот празник Рамазан Бајрам со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост. Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите. Исламското учење вели дека во светиот месец Рамазан е објавена светата книга Куран.

###

Back to top button
Close
Close