Верски календар

Од верските календари

13 декември 2019 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 ноември. Денеска е Св. апостол Андреј Првоповикан.

13 декември 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 ноември.

Денеска е Св. апостол Андреј Првоповикан.

Свети Андреј беше по професија рибар, како повеќето апостоли, за да се зачуди светот што меѓу прости, необразовани рибари се нашла таква мудрост. Инаку, му беше брат на апостол Петар. Првин беше ученик на свети Јован Крстител. Но, кога самиот свети Јован го нарече Христос Јагне Божјо, кое го зеде гревот на светиот, т.е. Спасител, овој му се придружи. По слегувањето на Светиот Дух проповедаше на многу места: Византија, Тракија, Дунавските земји, денешна Русија, околу Црното Море, а најпосле во Епир, Елада и Пелопонез, каде и пострада. Беше распнат на крст. Моштите му беа пренесени во Цариград. Подоцна, главата му беше пренесена во Рим, а едната рака во Москва.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Лучија.

Таа била една од последните жртви на големото прогонства на царот Диоклецијан. Последните зборови кои, таа ги изговорила пред мачењето: „Кога живеам безгрешно, моето тело е место каде што живее Светиот Дух”. Разбеснетиот мачител се згрозил на тоа и одлучил да и ја одземе невиноста, а Лучија му одговорила: „Ако ми ја одземеш невиноста, мојата душа нема да биде грешна, туку ќе имам живот на небото. Грев е само тоа што човекот ќе го направи со слободна воља”. Господ, пред безбожниците ја сочувал невиноста на својата следбеничка. Крвникот ја прободел со меч. Божјиот народ, оваа светица ја повикува за очни болести.

###

Back to top button
Close
Close