Верски календар

Од верските календари

12 септември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 август. Денеска е Св. патријарси Александар, Јован и Павле.

12 септември 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 август.

Денеска е Св. патријарси Александар, Јован и Павле.

Сите овие беа патријарси на цариградската катедра во разни времиња. Првиот, Александар, во времето на цар Константин, а се упокои во 340 година на свои 98 години. Свети Јован Посник беше патријарх во шестиот век. Последниот, Павле, раководеше со цариградската црква во осмиот век во тек на осум години, а потоа се повлече од престолот во тихување. Имено, сметаше дека не е достоен да раководи со Црквата како таков кој едно време беше приклонет кон ереста на иконоборството.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Името на Марија.

Овој празник почнал да се прославува во шпанската бискупија Куенца, во 1513 година. Во 17 век празникот се славел во цела Шпанија како и во Неаполското кралство. По извојувањето на победата над Турците во Виена, папата Иноцент Единаесетти црквата го славела празникот. Христијаните во чест на Марија го прославуваат овој празник и на тој начин и се заблагодаруваат за нејзините чудесни спасенија.

###

Back to top button
Close
Close