Верски календар

Од верските календари

12 мај 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 април. Денеска е Св. девет маченици во Кизик.

12 мај 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 април.

Денеска е Св. девет маченици во Кизик.

Градот Кизик се наоѓал во Мала Азија, близу до Троада, која била премин од Азија во Европа. Во овој град христијанството го проповедаше уште апостол Павле, но тука се до крајот на третиот век заради гонењата христијанството главно се пазеше во тајност. Луѓето или бегаа по другите места, по планините и пустите места, криејќи се од прогоните, или ја одржуваа светлината на вистинската вера во тајност. Но, имаше и такви кои, како светителите што црквата ги слави денес, се осмелија отворено да го проповедаат Христос во градот. Тоа се случуваше во времето на император Диоклецијан. Заради таквата нивна смелост Теогониј, Руф, Антипатар, Теостих, Артем Магниј, Теодот, Тавмазиј и Филимон беа обезглавени со меч. Во времето на цар Константин моштите им беа најдени и сместени во црквата што беше изградена во нивен спомен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Нереј, Ахил и Панкрациј.

Овие светци, за време на Диоклецијановите прогонства, во 304 година биле измачувани. Нереј, Ахил и Панкрациј биле војници кои од прогонствата преминале на христијанството. Откако Константин станал римски цар, со Миланскиот едикт во 313 година на црквата и дал потполна слобода и можност да го шири христовото учење.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:50 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 17 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна

###

Back to top button
Close
Close