Верски календар

Од верските календари

11 март 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 февруари. Денеска е Преподобен Прокопиј Декаполит.

11 март 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 февруари.

Денеска е Преподобен Прокопиј Декаполит.

Свети Прокопиј е наречен Декаполит бидејќи потекнувал од областа Декаполис во стара Палестина. Живеел како монах во времето кога беснеела иконоборечката ерес. Заради заштитата на иконите бил затворен и мачен од властите на иконоборечкиот василевс Лав Исавриец (717-741). По смртта на василевсот се вратил во својот манастир, каде што останал до крајот на својот подвижнички живот. Се упокоил во длабока старост.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословен Доминик Кам.

Во младоста тој го почувствувал Божјиот повик за свештенство. Со голема љубов ја извршувал свештеничката служба. Неговата работа не и се допаѓала на власта, па затоа бил уапсен. Тој признал дека е католички свештеник и оти е подготвен да поднесе било какво измачување, отколку да се откаже од својата христијанска вера. Крвниците се обидувале три пати да му ја отсечат главата, но кога не успеале едноставно му ја отсекле со пила. Доминик Кам умрел во 1859 година не одрекувајќи се од Христос и од црквата.

###

Back to top button
Close
Close