Верски календар

Од верските календари

11 декември 2019 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 ноември. Денеска е Св. 15 Тивериополски маченици.

11 декември 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 ноември.

Денеска е Св. 15 Тивериополски маченици.

Од 15-те Тивериополски, т.е. Струмички маченици, четворица беа од Никеја. Еден од нив, Тимотеј, стана и епископ на Тивериопол. Друг, Теодор, веќе беше епископ и учествуваше на Првиот вселенски собор во 325 година. Кога овие четворица дојдоа во Тивериопол, со своите зборови и со чудата, кои се криља на зборовите, многумина привлекоа кон Христа. Тоа се случуваше во времето на царот Јулијан Отпадникот, кој ги гонеше христијаните. Гласот за овие мажи стигна до Солун, па тамошните управници дојдоа во Тивериопол и ги погубија. Нивните мошти се покажаа чудотворни. Подоцна, бугарските цареви Михаил и Симеон пренесоа дел од моштите во Брегалница и ги положија во црквата што ја изградија во нивна чест. Другиот дел остана во Тивериопол, т.е. Струмица.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Светиот папа Дамаз.

Бил папа од 366 до 384 година. Го повикал Второто Цариградско Собрание на кое, било дефинирано божеството на Светиот дух. На еден од тогашните најголеми ученици, свети Јероним, папата Дамаз му го доверил преводот на Светото Писмо на латински јазик и така настанала гласовитата Вулгата. Овој превод на Светото писмо бил многу значаен, бидејќи сите европски преводи на Библијата, се темелат на него. Папата Дамаз умрел на 80 години, богат со заслуги и успешни дела. Управувал со Црквата 18 години, подготвувајќи ја за големите преселби на народите.

###

Back to top button
Close
Close