Верски календар

Од верските календари

11 април 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 март. Денеска е Св. Марко Исповедник, епископ на Аретусија, во Сирија.

11 април 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 март.

Денеска е Св. Марко Исповедник, епископ на Аретусија, во Сирија.

Преподобен Марко живеел во времето на царот Константин. Во тоа време, тој разурнал некој незнабожечки храм и многумина превел во христијанството. Но, кога на царскиот престол дошол Јулијан Отстапникот, кој го подржувал старото паганство, граѓаните на Аретусија му се спротивставиле на преподобен Марко, барајќи од него повторно да го изгради храмот или да плати голема оштета. Но, откако веќе стариот светител го откажа и едното и другото, беше ставен на маки и кога храбро ги издржа своите измачувања повторно беше пуштен на слобода. Неговото исповедништво допре до многу аретусиски граѓани кои откако примија поука од старецот, повторно се вратија во христовата вера.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Станислав.

Бил роден во Полска, во 1030 година. Теолошки студии завршил во Париз. Кога станал свештеник во 1071 година го наследил краковскиот бискуп, Ламберто. Како бискуп ја предводел црквата и им помагал на сиромашните. Секој ден соромашните барале помош од него, бидејќи знаеле дека ќе им даде милост. Во 1097 година, кралот Болеслав го убил свети Станислав поради тоа што му кажувал да го остави грешниот живот и да живее според Божјите заповеди.

###

Back to top button
Close
Close