Верски календар

Од верските календари

10 април 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 март. Денеска е Преподобен Иларион Исповедник.

10 април 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 март.

Денеска е Преподобен Иларион Исповедник.

Преподобен Иларион беше игумен на манастирот Пеликит, во близина на Хелеспонт. Прославен со дарот да исцелува и да чудотвори, свети Иларион заедно со своите 40 монаси беше прогонет во времето на иконоборечкиот цар Лас Ерменецот во еден затвор, во близина на Ефес и таму го заврши својот живот во 754 година..

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Мишел де Санетис.

Бил роден во 1591 година, во Каталонија, во Шпанија. Во 1603 година стапил во манастирот на тринитарците во Барселона. Филозофските и теолошките науки ги завршил во Баези и Саламанки. Неговиот свет живот и мистичните заноси им давале необична сила на неговите зборови. Зборувал многу за Господ и за неговата љубов кон јавните грешници, а после проповедувањето многу луѓе пристапувале во исповедилницата, се исповедувале, се покајувале за своите гревови и започнувале нов живот според Божјите заповеди. Свети Мишел де Санетис умрел во 1625 година, на 33-годишна возраст.

 

Back to top button
Close
Close