Верски календар

Од верските календари

10 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 март. Денеска е Преподобен Иларион Исповедник.

10 април 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 март.

Денеска е Преподобен Иларион Исповедник.

Преподобен Иларион беше игумен на манастирот Пеликит, во близина на Хелеспонт. Прославен со дарот да исцелува и да чудотвори, свети Иларион заедно со своите 40 монаси беше прогонет во времето на иконоборечкиот цар Лас Ерменецот во еден затвор, во близина на Ефес и таму го заврши својот живот во 754 година..

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Велики Петок.

На денешен ден, пред две илјади години, Исус Христос со својата мака и смрт на Крстот ги ослободи луѓето од гревовите. Со својата смрт на Крстот, Исус покажа совршена послушност кон својот Татко, а кон нас луѓето, со тој чин покажа голема љубов. По гревот на Адам човекот бил оддалечен од Господ, својот Создавач и ја изгубил можноста да живее вечен живот со Господ во рајот. Христос како Нов Адам и жртва на Крстот, како Глава на човештвото, повторно ги привлече луѓето кон Господ и им стекна вечен живот. Светото писмо во сите четири евангелија зборува за Спасителската мака и Исусовото трпение на Крстот, за нашето спасение. Со жртвувањето на Крстот, Исус ни покажува дека не сака. Да му возвратиме и ние со љубов, живеејќи според Божјите заповеди, не навредувајќи го никогаш повеќе со своите гревови.

 

 

Back to top button
Close
Close