Верски календар

Oд верските календари

1 јули 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 јуни. Денеска е Св. маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул.

1 јули 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 јуни.

Денеска е Св. маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул.

Во времето на римскиот император Веспазијан (69-79), во Феникиската област бил испратен некој великодостојник Хадријан да се вклучи во тамошната управа. Штом пристигнал таму, дознал дека во градот Триполис, близу планината Ливан, се наоѓа некој војсководец Леонтиј, кој ги презира нивните богови и многумина обраќа во христијанство. Адријан веднаш го испратил трибунот Ипатиј со воена придружба, да го затворат Леонтиј. Но, додека патувале, Ипатиј и Теодул, еден од неговите придружници, поверувале во Христа и кога стигнале во Триполис примиле крштение. А кога и самиот Адријан пристигнал во градот да му суди на Леон¬тиј го нашол и својот трибун како христијанин. Како христијани Адријан ги затворил, ги мачел и најпосле ги погубил светите Леонтиј, Ипатиј и Теодул.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Муцијан.

Бил роден во 1841 година, во Мелт, во Белгија. Се одлучил да му се посвети на духовниот живот во служба на луѓето. Бил член на дружината на Браќата на христијанските училишта. Тој ги советувал децата во повеќе установи во Белгија. Луѓето го нарекувале “брат кој секогаш се моли”. Свети Муцијан умрел во 1917 година.

###

Back to top button
Close
Close