Верски календар

Од верските календари

1 ноември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 октомври. Денеска е Св. Прохор Пчински.

1 ноември 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 октомври.

Денеска е Св. Прохор Пчински.

Свети Прохор живееше во единаесеттиот век. Се подвизуваше се до својата смрт под една карпа во близина на реката Пчиња. Заедно со свети Гаврил Лесновски и свети Јоаким Осоговски во Македонија ја продолжуваше исихастичката монашка традиција. Грчкиот збор исихиа во буквален превод значи тихување, тишина, но во Црквата тој термин го доби значењето-молитвено тихување, т.е. собраност на сите човекови сили внатре во него, што се постигнува преку молитвата. Подоцна во близина на неговата испосница, подигнат е познатиот манастир Свети Прохор Пчински каде што се наоѓаат моштите на овој светител-чудотворни, т.е. исцелителни, а и мироточиви, што значи дека од неговите коски непрекинато уште од времето по неговата смрт па досега истекува густо масло со убав мирис.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Сите Свети.

Според католичкото учење, сите кои се на небото се светци, а нив ги има многу повеќе отколку што ги има во календарот. Затоа црквата вовела празник, кој ги слави Сите Свети. Ние им се молиме поради разни проблеми, а молитвите наши тие ги изнесуваат пред Господ за да ги исполни тоа за што се молиме. Светците се наши адвокати пред Господ. Тие ни даваат пример да живееме побожно и да правиме добри дела.

###

Back to top button
Close
Close