Верски календар

Од верските календари

1 март 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 февруари. Денеска е Св.маченици Памфил, Порфириј и други.

1 март 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 февруари.

Денеска е Св.маченици Памфил, Порфириј и други.

На овој ден за време на царувањето на Диоклецијан, 12 маченици пострадаа заради нивната цера во Христос во палестинскиот град Кесарија (Цезареја). Некои од нив т.е. презвитерот Памфил, учен човек заслужен за оформувањето на тогашната богата Кесариска библиотека, ѓаконот Валант и Павле беа затворени две години порано, а сега го дочекаа своето судење. Други, од љубов кон првите сакаа да се погрижат за нивните мошти или ги молеа мачениците да се застапат за нив пред Бога. На сите им се најде една вина – љубовта за Христа заради што беа и погубени на почетокот од четвртиот век.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Албин.

Бил роден во 469 година во Ванеса, во Британија. Станал монарх. Бил избран од народот за бискуп на Ангерс во Франција, иако се спротивставувал на тоа, мислејќи дека е недостоен за таа служба. Како бискуп се истакнал во борбата против роднинските венчавки меѓу племињата. Во преселбите на народите го проучувал начинот на живот според принципите на Христовите евангелија. Исцрпен од работата, свети Албин умрел во 550 година, во Ангерс.

###

Back to top button
Close
Close