Верски календар

Од верските календари

1 март 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 февруари. Денеска е Св. великомаченик Теодор Тирон (Прочка-Велики поклади).

1 март 2020 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 февруари.

Денеска е Св. великомаченик Теодор Тирон (Прочка-Велики поклади).

Свети Теодор Тирон, покрај овој свој неподвижен празник на денот на неговото мачеништво, се слави и во првата сабота од Великиот пост. Таа сабота е позната како Тодорова сабота, подвижен празник кој зависи од почетокот на постот. Светителот е истиот и денеска се сеќаваме на неговата маченичка смрт. Теодор живееше во четвртиот век, служејќи како војник за време на царевите Максимијан и Максимин во малоазиската област Понт. И покрај прогоните тој не ја криеше својата вера во Христос, заради што беше затворен, мачен и најпосле жив изгорен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Албин.

Бил роден во 469 година во Ванеса, во Британија. Станал монарх. Бил избран од народот за бискуп на Ангерс во Франција, иако се спротивставувал на тоа, мислејќи дека е недостоен за таа служба. Како бискуп се истакнал во борбата против роднинските венчавки меѓу племињата. Во преселбите на народите го проучувал начинот на живот според принципите на Христовите евангелија. Исцрпен од работата, свети Албин умрел во 550 година, во Ангерс.

Back to top button
Close
Close