0_Инфопакет.ПорталВременска прогноза

Од утре стабилно, претежно сончево и сè потопло време

Од утре следува период на стабилно и претежно сончево и сè потопло време. До четврток утринските температури на некои места ќе бидат неколку степени под нулата, а потоа постепено ќе се зголемуваат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Од утре следува период на стабилно и претежно сончево и сè потопло време. До четврток утринските температури на некои места ќе бидат неколку степени под нулата, а потоа постепено ќе се зголемуваат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре во нашата држава ќе биде наутро студено, а преку денот сончево со слаб до умерен североисточен ветер кој краткотрајно ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 5, а дневната од 8 до 20 степени.

Во Скопје, слично време, наутро студено, а преку денот сончево со ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Од четврток дневните температури во повеќе населени места ќе бидат над 20 степени.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close