Дописници МКДОпштински вести

Од утре до петок есенска дератизација во Куманово

Утре, задутре и в петокот на подрачјето на општина Куманово ќе се врши дератизација, информираа денеска општинските власти.

Куманово, 22 септември 2020 (МИА) – Утре, задутре и в петокот на подрачјето на општина Куманово ќе се врши дератизација, информираа денеска општинските власти.

Третманот против глодари ќе се изврши со постваување на мамки во отворите од шахтите на постоечката канализациска мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, тогаш ќе се одложи за наредниот ден.

– Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамки, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат, велат од Општина Куманово.

Од одделението за јавни набавки, претходно информираат дека за дезинсекција против крлежи, дератизација против глувци, ларвициден третман и тереситичка дезинсекција за оваа година се одвоени еден милион  и 180 илјади денари со вклучен ДДВ. Третманите по четирите ставки  се спроведуваа во неколку наврати на годишно ниво. На тендерот избрана е компанијата „Плант Медика“. ам/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close