0_Македонија.ПорталОпштество

Од среда дожд, а на планините снег

Времето утре ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер. В среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Времето утре ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер. В среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

Како што соопшти УХМР, в среда утринската температура ќе биде од минус три до пет, а дневната од 9 до 16 степени.

Слично време ќе има и наредните денови. В недела утринската температура ќе биде од минус седум до еден, а дневната од 10 до 18 степени. мд/

 

 

Back to top button
Close
Close