БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Од синоќа на Лезбос пристигнале 214 бегалци и мигранти

Од доцна синоќа до рано утрово на грчкиот остров Лезбос, во пет одвоени случаи, пристигнале 214 бегалци и мигранти, а биле уапсени пет криумчари, според податоците од Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 1 јануари 2020 (МИА) – Од доцна синоќа до рано утрово на грчкиот остров Лезбос, во пет одвоени случаи, пристигнале 214 бегалци и мигранти, а биле уапсени пет криумчари, според податоците од Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа, во три одвоени случаи пристигале три чамци во кои имало по 42, 43 и 49 лица, односно вкупно 134 бегалци и мигранти, а биле уапсени лицата кои управувале со чамците, под сомнение дека се криумчари.

Во утринските часови, грчката крајбрежна служба пронашла 80 бегалци и мигранти кои со два чамци стигнале на Лезбос. И во овие два случаи биле уапсени двајца криумчари.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во текот на декември, на островите во северниот дел на Егејското море, пристигнале 5247 бегалци и мигранти. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close