БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Од сабота дозволено двојно повеќе верници во црквите во Грција

Црквите во Грција, како и сите останати религиозни објекти во земјата, од сабота ќе функционираат со дополнително ублажени мерки, односно ќе биде дозволено да примаат двојно повеќе верници, согласно новата министерска одлука што е во сила од 6 јуни до 9 јули 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 3 јуни 2020 (МИА) – Црквите во Грција, како и сите останати религиозни објекти во земјата, од сабота ќе функционираат со дополнително ублажени мерки, односно ќе биде дозволено да примаат двојно повеќе верници, согласно новата министерска одлука што е во сила од 6 јуни до 9 јули 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Наместо досегашното правило едно лице на десет метри квадратни, дозволено ќе биде едно лице на пет метри квадратни, односно доколку црквата е со површина од над 500 метри квадратни, во внатрешниот дел ќе може да влезат 100 лица (наместо 50 досега).

Правилата за држење растојание од еден и пол метар, за контролирано влегување, за природно проветрување на просторот, за користење антисептик на влезовите, како и препорака за носење маска, остануваат непроменети.

Истите правила важат и за манастирите и останатите религиозни објекти во Грција.

Со укинување на забраната за движење на граѓаните, од 4 мај годинава, црквите и останатите религиозни објекти во Грција, беа отворени, но само за индивидуални молитви, додека пак од 17 мај дозволени се и литургии со присуство на верници. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close