Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Од ОН за Црна Гора два милиона долари помош за борба со Ковид-19

ОН издвоија два милиона долари за да и помогнат на Црна Гора во борбата против коронавирусот и собираат дополнителни 5,5 милиони американски долари за поддршка на одговор на пандемијата, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак.

Њујорк, 4 август 2020 (МИА) – ОН издвоија два милиона долари за да и помогнат на Црна Гора во борбата против коронавирусот и собираат дополнителни 5,5 милиони американски долари за поддршка на одговор на пандемијата, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак.

Тој додаде дека Програмата за развој на ОН и Канцеларијата за развој на проекти обезбедиле медицинска и заштитна опрема.

– Агенцијата на ОН за миграција и Меѓународната организација за миграција исто така дадоа помош, изјави Хак.

Портпаролот на ОН посочи дека во Црна Гора, каде досега има 3.200 потврдени случаи на инфекција и повеќе од 50 смртни случаи, тимот на светската организација го води Фиона Меканли. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close