БалканБалкан.Портал

Од Ковид-19 почина секретарот во српското Министерство за животна средина

Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на коронавирусот.

Белград, 1 април 2020 (МИА) – Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на коронавирусот.

Ова за „Блиц“ го потврдиле и претставници на српското Министерство за животна средина.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на коронавирусот во Србија, но со години живее и работи во Белград. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Тој е еден од основачите на Српската напредна партија и член на претседателството на СНС. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close