СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Од коронавирусот во Вухан починале Американец и Јапонец

Од последици на коронавирусот во болницата Џијинтан во кинескиот град Вухан почина првиот американски државјанин (60), соопшти денеска портпаролот на американската Амбасада во Пекинг.

Пекинг, 8 февруари 2020 (МИА) –Од последици на коронавирусот во болницата Џијинтан во кинескиот град Вухан почина првиот американски државјанин (60), соопшти денеска портпаролот на американската Амбасада во Пекинг.

-Најискрено сочуство до семејството заради оваа загуба. Ја почитуваме приватноста на семејството, немам друг коментар, изјави портпаролот за британските медиуми.

До синоќа 19 странци беа заразени со коронавирус во Вухан, од кои двајца беа пуштени од болница, а 17 се наоѓаат во карантин.

Истовремено, јапонското Министерство за надворешни работи соопшти дека во болница во Вухан од заразата починал и еден јапонски државјанин. сд/

Back to top button
Close
Close