БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Од ЕУ за автопатна мрежа во Босна и Херцеговина – 204 милиони евра заем

Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската Унија (ЕУ) ќе и помагаат на Босна и Херцеговина со заем од 204 милиони евра да ја подобри својата автопатна мрежа и паневропските транспортни конекции, соопшти ЕИБ.

Брисел, 28 февруари 2020 (МИА) – Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската Унија (ЕУ) ќе и помагаат на Босна и Херцеговина со заем од 204 милиони евра да ја подобри својата автопатна мрежа и паневропските транспортни конекции, соопшти ЕИБ.

ЕИБ позајмува 140 милиони евра за изградба на 12,4 километри од автопатот, вклучувајќи четири надвозници, два тунели и три мостови, додека ЕУ ќе го комплетира финансирањето со грант од 64 милиони евра.

Паневропскиот коридор Вц ја поврзува Будимпешта со пристаништето Плоче на Јадранско Море.

Со новата изградба постоечката автопатна мрежа долж коридорот Вц ќе се прошири кон две нови делници – Тарчин Иван во сараевскиот кантон, и Поприкуше Немила во кантонот Тузла Добој.

ЕИБ и ЕУ сакаат со оваа инвестиција да ја подобрат безбедноста на патиштата во БиХ и да го помогнат економскиот развој на зенјата.

Коридорот Вц е дел од пошироката мрежа ТЕН-Т.

-ЕИБ е посебно горда со својата континуирана заложба за економскиот и социјалниот развој на Босна и Херцеговина и западниот Балкан. Овој пат ЕИБ и ЕУ ги здружија своите фондови за да создадат финансирање од 204 милиони евра за помош за развој на модерна автопатна мрежа во Босна и Херцеговина, оваа инвестиција ќе има позитивен импакт надвор од БиХ и ќе им биде од корист на граѓаните и бизнисите во Хрватска, Унгарија и западниот Балкан, изјави Дарио Сканапиечо, потпретседател на ЕИБ.

ЕИБ до сега има инвестирано 1,2 милијарди евра во транспортни проекти во БиХ, и 2,6 милијарди евра вкупно. тм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close